MYMARKETING

За нас

Ако маркетингот е основата за еден бизнис да го достигне својот квалитет, тогаш сте на вистинското место и во вистинското време… Ја имаме таа чест да ви ја претставиме My Marketing агенцијата која ќе ве изненади со својот квалитет и успехот на секое поле. 

asdMy Marketing агенцијата е со централно седиште во Скопје, Р.Македонија, каде веќе е докажана со својата креативност, квалитет и тимска работа. My Marketing агенцијата е одговорна, високо-енергетска фирма со страст за достигнување на врвни резултати за своите клиенти, со што обезбедува реални маркетинг решенија за бизниси од сите големини во Р.Македонија.

Желбата да се измери успехот на своите клиенти преку зголемена продажба е нашиот најважен ресурс. Нашиот напор е да се осигураме дека ние сме ги задоволиле потребите на нашите клиенти преку креирање на силно издржани маркетинг концепти, истражувања и решенија, кои се истакнуваат во служба на нашите клиенти и воедно да се осигураме дека сме обезбедиле материјали кои се стратешка цел за постигнување на супериорни и мерливи резултати на истите.

Нашиот искусен тим во кој поединци се овластени да превземат одговорност, да се развиваат и да ги презентираат своите идеи, е посветен на една цел – за успехот на нашите клиенти. И тоа е единство на сите нивоа во рамките на организацијата која создава вистинска смисла на другарство.

My Marketing агенцијата има професионален маркетинг систем кој ги презентира највисоките стандарди за квалитет и ефикасност во работењето, каде услугата, креативноста, сигурноста и интегритетот се наш заштитен знак во секој аспект од нашата работа.

Од понуди до рекламирања, истражувања и успеси, оваа агенција ќе ве донесе до врвот, онаму каде што и тие моментално се пласирани. Својот постигнат успех го докажуваат и со своите успешни соработки со многу високорангирани компании ширум Македонија. Значи ако соработката и успесите се мерило за квалитетот на една компанија, тогаш ова е повеќе од доволно за да се уверите дека My Marketing е вашиот вистински избор.

Top! MyMarketing 2016
Social Links:
FACEBOOK
YOUTUBE